Становите се продаваат поевтино отколку што се купени

Bez autora
Jan 09 2011

Риека - Риека има еден рецесиски виц што вели: „Кој не пропадна оваа година, сигурно ќе пропадне идната!“ Меѓутоа, на агенциите за недвижен имот не им е до шега и молат Бога ова да не се случи, бидејќи многу агенции пропаднаа во 2010 година, а веројатно продолжија да работат само најжестоките борци за опстанок. Многумина од нив, и покрај се', се оптимисти, бидејќи оваа година ќе ја затворат со „позитивна нула“, бидејќи прометот на недвижен имот доживеа мал раст во однос на многу тешката 2009 година. Тоа не е ни сенка од некогашните активности и купопродажби, но агенциите за недвижен имот што паднаа на самото дно се радуваат и на благо забавување на падот во прометот, а не, пак, на минимални знаци за зголемување.

Становите се продаваат поевтино отколку што се купениРиека - Риека има еден рецесиски виц што вели: „Кој не пропадна оваа година, сигурно ќе пропадне идната!“

Меѓутоа, на агенциите за недвижен имот не им е до шега и молат Бога ова да не се случи, бидејќи многу агенции пропаднаа во 2010 година, а веројатно продолжија да работат само најжестоките борци за опстанок. Многумина од нив, и покрај се', се оптимисти, бидејќи оваа година ќе ја затворат со „позитивна нула“, бидејќи прометот на недвижен имот доживеа мал раст во однос на многу тешката 2009 година. Тоа не е ни сенка од некогашните активности и купопродажби, но агенциите за недвижен имот што паднаа на самото дно се радуваат и на благо забавување на падот во прометот, а не, пак, на минимални знаци за зголемување.

„Прометот во оваа година ни беше за околу 1,5 пати подобар од лани, при што успеавме да ги задржиме сите работни места и да земаме месечна плата, а тоа во оваа дејност е голема работа. Не може да се зборува за некој значителен раст на пазарот, но имавме повеќе реализирани продажби од ланската година. Меѓу нив, за жал, имаше и граѓани што беа принудени да ги продаваат становите под кредити чии месечни рати драстично се зголемија, па го нудеа својот недвижен имот и за поевтин износ од оној што го платиле пред неколку години“, вели директорката на агенцијата „Консензус“, Новела Бачиновиќ.

Франко Серџо од агенцијата ВСП, исто така, забележува благ раст на остварените купопродажби, како и релативно полошата позиција за продавачите на станови што за да ги продадат ја намалуваа цената за 15 или 20 отсто, што е дополнителен пад во однос на веќе намалените износи од 2009 година. Секако, таквата состојба им оди во прилог на купувачите, па значително намалените цени во последните две години на еден дел од нив влијаеше во донесувањето клучни одлуки за купување стан.

„Двособните станови што пред три години се нудеа за 95.000 евра, лани во просек се продаваа за 85.000, а оваа година паднаа на 75.000 евра. Сметам дека цените полека се стабилизираат и оти процените на агентите и на сериозните купувачи т.е. продавачи почнаа да се изедначуваат“, вели Франк Серџо.

За агенцијата за недвижен имот „Догма“, оваа година личи на минатата, а забележуваат пад на цените на недвижниот имот за дополнителни 10 отсто во однос на 2009 година. Имаше малку поголем промет, но купопродажбите се остварија со пониски цени, така што крајниот вкупен промет не е веќе во однос на минатата година. Сепак, директорот на „Догма“, Бранко Папеш, е оптимист.

„Очекуваме поголема активност во втората половина од 2011 година, што подоцна ќе биде проследено со мал раст на цените. Во досегашните контакти забележуваме дека иако во мал број, сепак, почнаа да се враќаат инвеститорите што целосно исчезнаа едно време, а дури има и малкумина странци што сметам дека повеќе гледаат потенцијал во Хрватска од нас самите. Кај нас е загрижувачки тој општ недостиг на ентузијазам и позитива, што по кризата уште повеќе ја продлабочи оваа сериозна политичка состојба во државата, која не е последица од никаква рецесија туку од арамилак. Оваа општа состојба се одразува и врз пазарот за недвижен имот“, коментира Папеш.

Иако признава дека навистина реализациите во купопродажбата годинава се малку повеќе од лани, Игор Манџуров од „Лидер плус“ нема толкав оптимизам, бидејќи не гледа знаци дека во идната година ќе се зголеми бројот на оние што ќе имаат платежна моќ, вели дека бранот на невработеноста не е спречен, а банкарските кредити за многумина не се достапни.

„Во втората половина од годината малку се отвори банкарскиот систем, тоа е факт, но, исто така, нивното влијание се' уште е занемарливо, бидејќи, за жал, нема клиенти на кои тие кредити можат да им се продадат. Не верувам дека идната година ќе се промени оваа состојба на подобро и единствено се надевам дека 2011 ќе биде година во која ќе се спречи падот“, вели Манџуров. Тој прогнозира стагнација на постигнатите цени на недвижен имот, кои на полошите локации можат уште да паѓаат, но, секако, не смета дека цените ќе растат во идната година.

Сличен став има и директорот на „Бокс“, Ѓуро Пузиќ, кој на прашањето како ја заклучува деловната 2010 година и каков бил прометот, многу едноставно вели: „Не е поентата во тоа колку падна прометот, туку на колку застана“.

„Кога ќе ги споредам 2009 и 2008 година можеме да кажеме дека падот на прометот падна од 30 до 40 отсто, но оваа година во споредба со минатата, можеби имаше од 10 до 15 отсто помалку реализации. Идната година очекуваме слична состојба. Не верувам дека и натаму ќе паѓаат цените, бидејќи мислам дека веќе нема простор за тоа“, изјави Пузиќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik